Динамичко програмирање и оптимално управување том 1
Автор:
Dimitri P. Bertsekas
Издавач:
Датапонс |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Dynamic Programming and Optimal Control vol.1 |
Бр. на страни:
560 |
Димензии:
155х230
|
Корица:
/
Ова е значително проширена и подобрена верзија на бестселерот од Берцекас за динамичкото програмирање, централниот алгоритамски метод за оптимално управување, секвенцијално донесување одлуки во услови на несигурност и комбинаторна оптимизација. Материјалот се фокусира на главните обединувачки теми и концептуалните основи. Дава илустрација на флексибилноста, моќта и севкупноста на методот, со многу примери и апликации од инженерството, операционите истражувања и од економијата. Покрај нејзините специфични карактеристики, оваа книrа содржи: -Дискусија на повеќецелните проблеми и на проблемите со ограничувања Дискусија на агрегатните методи -Дискусија на управувањето со предвидување на моделот, мини-макс управувањето и описот на несигурноста преку припадност во множество -Унифициран третман на стохастичките проблеми на управување популарни во модерната теорија на управување и Марковите проблеми на одлучување популарни во операционите истражувања -Теоретски развој на детерминистичките проблеми на оптимално управување, вклучувајќи го и Понтријагиновиот принцип на минималноста -Широка покриеност на субоптималното управување, вклучувајќи ги алгоритмите со одмотување и воведот во невро-динамичкото програмирање -Во првиот том е даден воведен третман на проблематиката, а додека во вториот том е даден сеопфатен третман на проблемите од бесконечниот простор
Questions and Answers
You are not logged in