Лорд Еџвер е мртов

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Lord Edgware dies | Бр. на страни: 224 | Димензии: 21 см | Корица: мека

Случајот со смртта на ексцентричниот лорд Еџвер е еден од најнеобичните што прочуениот белгиски детектив Херкул Поаро мора да го реши. Се работи за случај што комплетно ги збунува и припадниците на полицијата Скотланд јард. Сопругата на лордот, убавата американска актерка Џејн Вилкинсон, со која тој е во период на разделба, е забележана како влегува во неговата работна соба непосредно пред тој да биде пронајден мртов. Но, дали е можно таа да го усмртила сопругот, кога истовремено била присутна и на вечера со пријателите? Овој случај изобилува со низа необични елементи што треба успешно да се поврзат за да избие вистината на површина, затоа што, како што вели Поаро, „секој од нас е мрачна мистерија, лавиринт во кој меѓусебно се борат разни страсти, разни желби, разни склоности“. Романот „Смртта на Лорд Еџвер“, објавен во 1933 година, е роман чијашто приказна претставува една од најгенијалните криминалистички сложувалки со уште погенијален расплет. Исто така, ова дело е едно од првите филмувани дела на Агата Кристи, уште во 1934 година.

Цена: 380 ден

19 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Лорд Еџвер е мртов

Категории: ,
ИСБН: 978-608-259-723-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Лорд Еџвер е мртов”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in