Бракот и семејството
Автор:
старец Пајсиј
,
старец Порфириј
Издавач:
ИКОНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2003
Оригинален наслов:
Бракот и семејството |
Бр. на страни:
96 |
Димензии:
17 см
|
Корица:
/
Единствена животна вредност е семејството. Кога ќе пропадне семејството, ќе пропадне сè, и свештенството и монаштвото. Кога ќе пропадне семејството ќе пропадне и светот. Старец Пајсиј Светогорец Неопходен услов за создавање на цврсто христијанско семејство е, идните сопружници да најдат добар духовник. Духовникот ќе ја игра улогата на одбран судија внимавајќи да не се јавуваат раздори во семејството. Кога сопружниците не можат да се усогласат, ќе појдат кај духовникот, надевајќи се во Бога. Ако не е така, семејството ќе се разори: откако ќе се вплеткаат родителите на жената и родителите на мажот, трудејќи се да истраат секој на своето, го уништуваат семејството. Кога сопатниците ќе се согласат да имаат духовен раководител, тогаш во семејството нема да доаѓа до толку заплеткани ситуации. За да може да напредува, на брачниот пар му е потребен заеднички духовник. Тој нали- кува на дрводелец што сака да склопи две парчиња дрво: откако ќе ги изделка нерамни- ните, ги струга парчињата, ги израмнува и потоа ги спојува. И воопшто, подобро е сите членови на семејството да имаат ист духов- ник, кој, знаејќи ги проблемите на семејство- то, ќе може да му дава соодветен правец. На брачниот пар може да му помогне единствено тоа, ниту еден од нив да не бара оправдание за себеси. Ако бараат оправдување за себе, колку духовни книги и да прочитаат, нема да имаат никакава полза од нив. Ако имаат добра волја, ако имаат духовник и ако го слушаат, нема да имаат проблеми. Не се може без духовен надзор. Најдобро е брачниот пар да има заеднички духовник. Не е добро жената да има еден духовник, а мажот друг. Две парчиња дрво, ако ги обработуваат двајца дрводелци, секој од нив по свое наоѓање, никогаш нема да можат да се склопат. Меѓутоа, ако имаат ист духовник, тој ги струга нерамнините (недоста- тоците) на едниот, ги ублажува и недостато- ците на другиот и така се намалуваат проблемите. Но, денес, дури и брачните парови што живеат духовен живот имаат различни духов- ници. Многу ретко двајцата имаат ист духовник, затоа и не добиваат помош. Притоа мислам на брачните парови коишто се сложувале, но немале заеднички духовник за да им помогне, па се разделиле. А некои други, коишто не се разбирале, бидејќи имале ист духовник, почнале да живеат во хармонија. Најдобро е, се разбира, кога целото семејство има ист духовник. Тој сите ќе ги сослуша и согласно со тоа ќе ги решава проблемите. +++ Една жена не трпела во својот дом ни темјан ни запалени кандила. Нејзиниот маж, пак, иако жената негодувала, останувал на своето и често палел кандило. Во куќата настанала целосно неподнослива состојба: никој не сакал да попушти. Тогаш мажот му се обратил на старецот и му ја изнел својата мака. Старецот му рекол: – Смири се, благословен, твојата жена не е нималку демоноопседната, како што тебе ти се чини, само затоа што не поднесува темјан. Таа го прави тоа за инает на тебе, а и не знае ништо за тие работи. Од денес немој да кадиш со темјан и не пали кандила, за жена ти да не се онерасположува, а јас ќе се помолам за вас! Мажот се вратил дома и, не зборувајќи за тоа, престанал да го пали кандилото и да кади. По неколку дена, много се изненадил кога видел дека во куќата гори кандило и мириса темјан. Така, со своите молитви, старецот им помогнал на сопружниците и во семејството повторно зацарила тишина и љубов. +++ Некои млади луѓе го прашале старецот: – Оче, ние сакаме да стапиме во брак, што мислите вие за тоа? – Ако имате духовен судија и ако го слушате во сè, а така се отстрануваат сите разлики, тогаш венчајте се колку што можете порано, молејќи се да не влезете во телесна врска пред бракот. +++ – Доаѓа главата на семејството, ме фаќа за раце и ми вели дека неговата сопруга е лоша во секој поглед, дека му се обраќа на таков и таков начин, со еден збор, ми го зборува сето она што му го дошепнала неговата темна помисла. Тогаш започнувам да ја правдам неговата сопруга. На крајот, му велам дека треба да го слави Бога што му дал таква жена и дека баш тој, главата на семејството, е причината што љубовта си заминала од нив. Повторно и повторно, го враќам кон љубовта, убедувајќи го дека тој самиот е виновен и дека е најважно да ги отфрли лошите помисли. Истото го правам и кога доаѓа неговата жена. Ја критикувам и неа, и еве – и двајцата ги исправаат своите лоши помисли упатени кон другиот и одново се враќа љубовта. Ме сфаќаат, се разбира, и мене, којшто ги критикував, затоа што гледаат дека мојата цел била да ја обновам љубовта во нив. +++ Труди се, колку што е можно, кон својата сопруга да се однесуваш духовно, за меѓу вас да има љубов и меѓусебно разбирање. Стреми се кон тоа и во односот кон децата. Човекот што е навистина духовен има обичај да попушта, како што вели св. апостол Павле: Еден спрема друг бидете љубезни, со братска љубов, натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг (Рим. 12, 10).
Оценки
Сѐ уште нема оценки.