Мечето Ушко
Издавач:
Темплум |
Јазик:
Македонски |
Година:
/
Оригинален наслов:
Miś Uszatek |
Бр. на страни:
234 |
Димензии:
26 цм
|
Корица:
тврда
Приказните за Мечето Ушко првпат се објавуваат на македонски јазик, собрани на 232 страници, во луксузно издание дизајнирано во студиото „Кома“.
Мечето Ушко е еден од најомилените ликови во Полска (и не само во Полска), бидејќи за генерациите што растеа во 60-ите, 70-ите и 80-ите години на минатиот век, тој беше важен дел од сеќавањата на детството, дел од колективната, неретко идеализирана меморија. Освен во книгите и во списанието за деца „Мече“ (Miś), неговите доживувања се присутни во анимираната серија за деца, играниот анимиран филм и во документарен филм. Неговиот статус во Полска е култен.
Првото појавување на Ушко е во комичното списание за деца, „Miś“, на 6 март 1957 година . Подоцна станува главен лик на неколку детски книги, преведени на повеќе јазици. Својата најголема популарност ја стекнало во 1975 година, кога Студиото за мали филмски форми, СЕ-МА-ФОР од Лоѓ, ја создало анимираната серија за Полската радио-телевизија.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.