Мачката со гладно меше

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Kurnivamahainen kissa | Бр. на страни: 48 | Димензии: 13×20 | Корица: мека

Во една пуста земја мало девојче сретнува огромна мачка што постојано е гладна. Таа досега изела цела армија луѓе, неколку села, сите животни од една шума, рибите во морето и што уште не. Но дали лакомоста има крај?

Бидејќи сега се заканува дека ќе го проголта и девојчето. Но тоа ѝ дава поинаква понуда. Да патуваат заедно низ земјата, сѐ додека не најдат нешто што би ја заситило. Шетајќи наидуваат само на суша, непогоди и луѓе што немаат што да јадат освен своите соништа.

Што е тоа што се наоѓа во мешето на мачката, што ја направило толку гладна?

И дали храброто девојче ќе излезе накрај со алчноста пред која е исправен светот?

„Мачката со гладно меше“ е класична бајка со современа тема. Деталните илустрации на Теему Јухани додаваат нов слој на приказната. Книгата ја добила Финската награда за промоција во странство и била номинирана за Наградата на нордискиот совет за книги за деца и млади.

Цена: 250 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Мачката со гладно меше

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-514-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мачката со гладно меше”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in