Капе времето

Издавач: Паблишер | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Капе времето | Бр. на страни: 71 | Димензии: 20 см | Корица: /

Книгата „Капе времето“ доследно го потврдува исклучителното поетско пеење и мислење на Виолета Танчева-Златева, уште еднаш на увид доставувајќи ја сопствената лирска вистина која прозборува со полн и јасен глас, со сликовит и згуснат јазик. Песните упатуваат на стварноста, посeбно оние со посвета, во кои се апострофира суштината и длабочината како автентичен и личен однос со трајна и универзална вредност.
Славе Ѓорѓо Димоски

Станува збор за точна поезија во една филозофска смисла на зборот: таа како да е пишувана според филозофиите кои се занимаваат со феноменот на свеста наречен „време“, а сепак доаѓа до тие филозофеми сосема сама, од личен опит, што ја вбројува во таканаречените невини поетски перцепции, оние кои не доаѓаат од книги, туку од животното искуство... За неа токму синхроницитетот на минатото, сегашното и иднината е она што води кон ништото, кон небитието...
Венко Андоновски

Цена: 200 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Капе времето

Категорија:
ИСБН: 978-608-4892-58-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Капе времето”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in