Пијанистика 1 : основи на музичката писменост за пијано
Автор:
Дирона Соколовска
Издавач:
Арс ЛАМИНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Пијанистика 1 : основи на музичката писменост за пијано |
Бр. на страни:
178 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Публикацијата „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ на м-р Дирона Соколовска претставува учебно помагало за целосно изучување на техниката на интерпретација на музичкиот инструмент пијано, наменето пред сè за возрасни почетници, вклучително и учениците во средните музички училишта кои немаат претходно музичко образование.
Книгата преку оригинален метод и интегрирани содржини од сродни подрачја (историја на музиката и теорија на музиката) на корисниците без и со претходно музичко образование ќе им овозможи системско и темелно совладување на вештината за свирење на пијано и запознавање со богат репертоар на национална и светска музичка литература. Во книгата, освен теориските содржини, содржани се и нотни партитури од композиции за свирење на пијано со две раце. Овие партитури опфаќаат оригинални авторски композиции од авторката за почетници, композиции за пијано и аранжмани за пијано, дворачно свирење од светското класично музичко творештво, композиции од домашни композитори, аранжмани за пијано на класични теми, песни од мјузикли на Бродвеј, џез-стандарди, како и ора и песни, композиции – аранжмани за пијано од регионалните етнички и културни поднебја.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.