Етика
Автор:
Барух Спиноза
Издавач:
Макавеј |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
Ethica / Benedictus de Spinoza |
Бр. на страни:
277 |
Димензии:
21 cm; А5
|
Корица:
мека
„Етика“ од Барух Спиноза (1632-1677) се смета за плодна почва на радикалното просветителство, а со тоа и на современиот хуманизам. Изложена е по геометриски редослед и претставува дисциплинирана вежба по разумно размислување со цел да го отстрани стравот од божественото самоволие и да го префрли вниманието од задгробниот живот (трансцендентното) кон тука и сега (природата). За да живееме добро, прво треба рационално да ја разбереме природата и реалноста бидејќи ние, луѓето, сме дел од оваа реалност. Но, ако човекот им подлежи на истите природни закони како и камењата, водените лијани и живината, тогаш слободната волја е илузија. Слободата, според Спиноза, не е способност на човекот со слободна волја, туку низа дејствија во согласност со неопходните закони на природата. Затоа, неопходно е да имаме јасно разбирање за нашите страсти како природни феномени. Нашата слобода и нашата среќа лежи во свесноста за овие природни феномени. Да се стремиме кон слобода значи да се ослободиме од страстите кои нè спречуваат да живееме според разумот. „Блаженството не е доблесна награда, туку самата доблест... (Сите) извонредни нешта се подеднакво тешки, колку што се ретки“. „Слободниот човек воопшто не размислува за смртта, зашто неговата мудрост е медитација, но не за смртта, туку за животот“. – Барух Спиноза, „Етика“ Етика / Барух Спиноза ; превод од холандски Ели Пујовска
Оценки
Сѐ уште нема оценки.