Љубов со мали букви

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2008
Оригинален наслов: Amor en minúscula | Бр. на страни: 256 | Димензии: 140 x 205 | Корица: /

Првиот ден од новата година. Самуел де Хуан, триесет и седумгодишен професор по германска книжевност, своеволен осаменик во постојан страв од ненадејна смрт, се буди уверен дека ни таа нова година нема да му донесе ништо ново. Меѓутоа, еден мал четириножен посетител влегува во неговиот самечки живот, со цврста намера и да остане во него. Доаѓањето на Мишима, младиот уличен мачор, е почеток на чудесните промени во херметичкиот свет што си го создал главниот јунак, првиот мал чекор кон љубовта во мало... Чекор по чекор, Самуел де Хуан го напушта својот тивок свет на книги, музика и филмови, своите вкоренети навики и домашната ергенска педантерија, и се преселува во свет со „густо населена, бучна осаменост“.

Благодарејќи на лукавиот мачор, ги запознава необичниот Валдемар, поранешен физичар што е преокупиран со тајните на Месечината и на човечката душа, стариот сосед Титус, компилатор на разни водичи низ животот и магијата, убавата и осамена ветеринарка и светот на случајностите што ќе го вратат триесет години назад, во замокот на „бакнежот на пеперугата“, и кај Габриела, осамената жена на неговиот живот.

Забавна и нежна приказна за љубовта и пријателството, што ќе го трогне читателот со малите тајни на среќата.

„Франсеск Миралјес е длабок, бистар и оригинален писател. Им го препорачуваме овој роман, лекција по љубов и човечност, на сите што веруваат дека можностите на човечкото духовно зреење и менување немаат граници. “
Рангирано 5.00 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 199 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Љубов со мали букви

Категорија:
ИСБН: 978-9989-187-59-9

2 оценки за Љубов со мали букви

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Kikiland

    Магична приказна на многу нивоа ….. се е како “бакнежот од пеперутка” ….. леле колку ми се свиде навистина 🙂 … уживам во малите нешта како и оваа мала книга со мал наслов … љубов со мали букви! <3

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in