Мајсторот и Маргарита
Автор:
Михаил Булгаков
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2006
Оригинален наслов:
Мастер и Маргарита |
Бр. на страни:
428 |
Димензии:
140 x 205
|
Корица:
мека
Одбиван, премолчуван, забрануван и напаѓан. Тоа е историјата на овој роман.
Никогаш не разговарајте со непознати. Зашто така, ете така започнува хаосот. Хаосот кој го создава Воланд, Мефистофел, Ѓаволот лично. Но каков е овој ѓавол, чуден и гротескен? Од каде во сета приказна се појавуваат Понтиј Пилат и младиот Јешуа? А Мајсторот писател и неговата љубена Маргарита?
Низ меланжот од приказни проткаени со многу хумор и иронија, пародија и страв, подбив и (само)критика, на крајот се издигнува една нова приказна. Можеби не сосем вистинита, но приказна која е ново промислување на Вистината.
Користејќи го хуморот како најсилно оружје против системите кои се обидуваат да нè задушат, Булгаков ја исмева таа нехумана лакрдија, по цена на својот живот, а во име на слободата и правото на избор на сопствената (уметничка) вистина. Не постои историја, туку само истории. Различни приказни, погледи на минатото и историјата, нивно калкулирање и искористување. Еве одлична можност да се погледнат нештата од поинаков агол.
1 оценка за Мајсторот и Маргарита
Questions and Answers
You are not logged in
Anita Jovanova (верификуван корисник) –