Генетика на Синдромите на Дебелината

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Genetics of Obesity Syndromes | Бр. на страни: 302 | Димензии: 160x230 | Корица: /

Низ целиот свет е општо познато дека дебелината е еден од најзначајните фактори што доведуваат до болест, па поради тоа е поле на голем интерес меѓу истражувачите и лекарите. Генетиката на вообичаената дебелината е комплексна. Важен пробив на тој лавиринт е проучувањето на генетските синдроми во којшто дебелината е главна компонента. Со испитување на генетските механизми кај овие синдроми на дебелината, авторите внесуваат нова светлина врз генетиката на вообичаената дебелина. Ова е прва книга во оваа значајна и возбудлива сфера. Ги опфаќа молекуларните и клиничките карактеристики на синдромите на дебелината, обезбедувајќи детални податоци за истражувачите, при што, воедно, претставува и практичен водич за лекарите што се грижат за дебелите пациенти.
Книгата е поделена на три дела. Во првиот се покриени пристапите за проценка и за испитување на дебелите лица. Вториот дел ги опишува недисморфните, моногени форми на дебелина, додека во третиот дел се документирани клучните, мултисистемски синдроми со различна генетска етилогија. Оваа книга е многу повеќе водилка отколку прирачник што ќе им служи на генетичарите, истражувачите на дебелина, ендокринолозите, нутриционистите и на медицинските биолози.
Случајност е што книгата, освен што има три дела, исто така, има тројца автори.

Филип Л. Билс
е професор по медицинска и по молекуларна генетика и почесен консултант по клиничка генетика на детската болница Great Ormond Street”, во Лондон.
И. Садаф Фаруки
е истражувач во лабораториите за метаболички истражувања при Институтот за метаболички науки во болницата „Аденбрук“, Кембриџ.
Стивен О
Рајли е професор во лабараториите за метаболички истражувања при Институтот за метаболички науки во болницата „Аденбрук“, Кембриџ.
За каква книга станува збор може да се долови од фактот дека е една од првите што детално ја покрива оваа исклучително важна тема. Претставува незаобиколна литература за секој што е заинтересиран за дебелината и за нејзините причинители.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
medicina@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1600 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Генетика на Синдромите на Дебелината

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-86-7

1 оценка за Генетика на Синдромите на Дебелината

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in