Архитектурата на модерна Италија, книга 2
АРХИТЕКТУРАТА НА МОДЕРНА ИТАЛИЈА:
Книга I: Предизвикот на Традицијата 1750-1900
Книга II: Визии за Утопијата 1900-денес
Иновативниот и стручен преглед што се состои од две изданија е, всушност, првиот детален историски преглед на италијанската архитектура и урбанизам во испечатено издание. Напишана во проза, книгата раскажува за повеќе од 250 години на експериментирање, креативност и немир што го обликувале пејзажот на современа Италија.
Книга I: „Предизвикот на традицијата“, 1750-1900, го истражува динамичниот баланс меѓу силата потребна за почитување на непосредното италијанско архитектонско наследство и желбата за нови начини на изразување и технолошка иновација. Почнувајќи од неокласичните фантазии на Џовани Батиста Пиранези, па сé до вечинствените галерии од челик и од стакло во Милано, „Предизвикот на традицијата“ ја открива потценетата историја на богатство и комплексност.
Книга II: „Визии за утопијата“, 1900-денес, го следи растежот на италијанската авангарда низ 20 век. Првично го опишува развојот на италијанската нова уметност (art nouveau) – „Stile Liberty“ – па преку футуризмот, фашизмот, рационализмот завршува со креативната експерименталност на денешницата, Во „Визии за утопијата“ се истражува работата на клучните фигури како што се Рајмондо Д’Аронко, Антонијо Сант’Елија, Адалберто Либера, Џузепе Терањи, Марчело Пјачентини, Пјер Луиџи Нерви, Џио Понти, Карло Скарпа, Алдо Роси и Ренцо Пијано.
Архитектурата на модерна Италија е илустрирана со многу ретки слики од минатото, нови фотографии, нацрти и планови, овозможувајќи детален преглед на богата и значајна архитектура, сето тоа благодарение на Тери Кирк, професор по историја на архитектура на Американскиот универзитет во Рим.
За да се разберат делата од современа Италија треба да се обрне посебно внимание на културниот контекст, политичките и на општествените промени, технолошкиот напредок во склоп со тогашната актуелна италијанска економија, развојот на новите градежни видови, влијанието на сродните уметности и науки (особено растот на класичната археологија), како и теориите за реставрацијата. Тоа се однесува и на културите што се во корелација како музичката продукција, сценографијата и индустрискиот дизајн. Секое дело е истражено во поглед на неговата поврзаност со специфичниот историски момент, со посебен акцент на коментарите од авторот.
Со направениот избор на библиографии за секое поглавје, им се припишува заслуга на првобитните мислители и се поттикнува понатамошното истражување.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на arhitektura@arslamina.com.
1 оценка за Архитектурата на модерна Италија, книга 2
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –