Границите на меѓународното право
Долго време се дебатира зошто и кога државите го почитуваат меѓународното право. Широкораспространето е гледиштето дека меѓународното право се практицира поради чувството на морална обврска од страна на државите или од нивна желба за легитимност. Во оваа книга авторите Џек Л. Голдсмит (професор по право при Универзитетот „Харвард“) и Ерик А. Поснер (професор по право при Универзитетот од Чикаго) даваат едно сосема друго гледиште на работите, многу поедноставно и поинструментално: „Државите се согласни и го почитуваат меѓународното право само кога истото е од нивен државен интерес!“. Тие храбро и амбициозно трагаат по начините за надминување на ограничувањата што моментално ги има меѓународното право. Тие тврдат дека меѓународното право е производ на државите што сакаат своите лични интереси да ги протежираат на меѓународна сцена, зад параванот на меѓународното право. За да имаме вистинско меѓународно право треба нешто сосема друго. Читајќи го ова дело сите ние, заедно со авторите, може да продолжиме во таа потрага по вистинското меѓународно право. За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Границите на меѓународното право
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –