Писма до младиот адвокат

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Letters to a Young Lawyer | Бр. на страни: 218 | Димензии: 130x200 | Корица: /

Авторот Алан М. Дершовиц, професор по право на Правниот факултет при Универзитетот „Харвард“, колумнист, предавач, литературен критичар и плоден автор, прави една многу убава работа со тоа што им укажува на сите што сакаат да се занимаваат со правото во што, всушност, влегуваат. Тој како бранител на правичното и не толку правичното, посветен на граѓанската слобода и владеењето на правото, елоквентно ги дестилира своето богато искуство и сопствените страсни верувања во есеи за животот, правото и за тоа што значи да се биде добар адвокат и добра личност.
Како адвокат, навистина е тешко да се разграничи дали сте направиле грешки, бидејќи
e мала разликата меѓу добро направената работа и успешен исход. Едноставно, премногу работи се во игра. Поради тоа, треба да се биде внимателен при прифаќањето на совети, вклучувајќи го и авторот, врз основа на „години искуство“. Во книгата се понудени мешавина од практични професионални совети, филозофски размислувања за правдата, размислувања за победата и поразот и некои претпоставки дали е возможно истовремено да се биде ефикасен професионалец и добра личност.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 3.6666666666667 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(3 оценки на корисници)

Цена: 990 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Писма до младиот адвокат

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-90-4

3 оценки за Писма до младиот адвокат

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 3 out of 5

    Ивица Трипуновски (верификуван корисник)

  3. Rated 3 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in