Стандарди за заштита на инвестициите
Од самиот наслов заклучуваме дека станува збор за стандардите што се бараат од земјите-домаќини при инвестирање од страна на странски инвеститори. Тие стандарди ја сочинуваат основата на современата меѓународна заштита на инвестициите. Книгата ги анализира суштинските стандарди што се содржани вообичаено во билатералните и во мултилатералните инвестициски договори, вклучувајќи ги и стандардите за праведен и непристрасен третман, целосна заштита и безбедност, експропријација и за стандардите против дискриминацијата.
Судската практика на арбитражните трибунали е постојано во развој и врши големо влијание врз толкувањето на овие стандарди. Во текстот од ова издание, водечките практичари и научници од сферата на арбитражата на инвестициските договори ја анализираат судската практика и формираат една правна рамка во однос на тоа како треба да се применуваат стандардите во иднина.
Аугуст Рајниш, уредникот на ова дело, е универзитетски професор по јавно меѓународно и европско право на Универзитетот во Виена. Член е на комисијата за меѓународно право на странските инвестиции при Меѓународната правна асоцијација, арбитражен судија и правен експерт во многу инвестициски арбитражни случаи. Член е и на Меѓународниот центар за решавање на инвестицикси спорови.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Стандарди за заштита на инвестициите
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –