Комуникациски мрежи: Основни концепти и клучни архитектури

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Communication Networks: Fundamental concepts and key arhitectures | Бр. на страни: 1033 | Димензии: 164х228 | Корица: /

Телекомуникациските мрежи се наоѓаат во период на транзиција, од мрежи базирани на телефонска архитектура и стандарди кон мрежи базирани на интернет-протоколи (IP). Главна причина за оваа промена е во тоа што новите услуги и апликации можат да се пренесуваат со многу голема брзина преку Интернет, кој успеа да го достигне глобалниот опсег на телефонската мрежа.
Цел на оваа книга е да даде вовед во фундаменталните концепти на мрежната архитектура и нивната примена во постојните мрежи и во мрежите што ќе се појават во иднина. Како предуслов за користење на оваа книга се подразбира читателот да има општи предзнаења за компјутерските системи. Може да се прескокнат одредени делови што не се обврзувачки за читање и што бараат знаења од програмирање и основни познавања од виша математика. Во поглед на вмрежувањето, авторите направиле обид да дадат едно избалансирано гледиште за сите поважни елементи.
Алберто Леон Гарсија
е професор на Катедрата за електроинженерство и за компјутерско инженерство на Универзитетот од Торонто, Канада. Во 1998 година ја основал програмата за магистерски студии по инженеринг во телекомуникациите, а во 1999 станал член на
IEEE.
Индра Виџаја
има докторат по комутациони архитектури на брзи пакети и работи како истражувач во лабораториите на „
Bell", Lucent тechnologies. Неговата истражувачка работа е во областа на сообраќајниот инженеринг, архитектурите за економични транспортни мрежи и на брзо пренесување пакети.
Во книгата се вметнати и многубројни педагошки елементи што се од голема помош за предавачите. Покрај виртуелната лабораторија, содржани се и многубројни графикони и дијаграми, слајдови за предавања достапни на веб-страницата од книгата, многу примери и поставени проблеми за решавање, резиме на поглавјата и контролен список со важни термини од поглавјето, дополнителна литература и веб-страници.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 3900 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Комуникациски мрежи: Основни концепти и клучни архитектури

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-46-1

1 оценка за Комуникациски мрежи: Основни концепти и клучни архитектури

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in