Бели ноќи
Автор:
Фјодор М. Достоевски
Издавач:
Ѓурѓа |
Јазик:
Македонски |
Година:
2009
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
112 |
Димензии:
125X200
|
Корица:
/
Бели ноќи многумина го сметаат за сентиментален роман. Но тој е многу повеќе од тоа. Јунаците на Достоевски живеат во сиви станбени згради и во нечисти соби за издавање и тие места како судбина ги оковаат во беда од која нема излез до смртта. За да ја зголеми драмската напнатост, Достоевски ì дава на својата новела форма на исповед на главните јунаци, кои во прво лице ги изнесуваат своите психички проблеми.Момчето и девојката кои случајно се среќаваат една ноќ на речниот брег почнуваат да си ги раскажуваат своите животи и да ги изнесуваат пред нас своите очекувања и надежи за подобро утре. Тие се заробеници на својата осаменост и, за да можат да ја преживеат, создаваат необични приказни со кои ја разбиваат монотоноста на животот.Иако напишана пред повеќе од еден век, Бели ноќи е длабоко современа приказна за отуѓеноста меѓу луѓето и за нивната потрага по подобар живот.
3 оценки за Бели ноќи
Questions and Answers
You are not logged in
Ivana Lekikj (верификуван корисник) –
Марјана Георгиевска (верификуван корисник) –
Слаѓан –
Прекрасна новела, незаборавна 🙂