Годината минува, денот никогаш
Пред вас е првата книга на Жарко Лаушевиќ. Во неа Жарко е и учесник и толкувач, и раскажувач на сопствениот грев и страдалник на сопствената казна, и двоен убиец и затвореник, и сопруг и татко, и брат и син. Книгава е тешка, прецизна, болна, остра. Единствена. Неповторлива. Искрена.
Жарко од стотиците страници на својот Дневник, сочуван во шеснаесет тетратки, од хроничар прераснува во писател. Мрачните страници на затворската хроника се претвораат во интимна исповед.
Оваа книга допира многу теми, претставува бројни ликови и опишува мноштво настани. Жарко во забелешките е остар и искусен, им влегува под кожа на тие што ги опишува; неговото уво ги памети суптилностите на јазиците и звуците на долгите затворски ходници, неговата мечта разговара со мислата на родениот брат.
Во тишината, во наслушувањето, во задржаниот здив, во тапоста на минливоста на времето.
Подгответе се за голем пат што ќе го поминете читајќи ја оваа книга. Тој пат воопшто не е лесен, приказната е емотивна, некои реченици сечат како нож. Но, ако читате со отворено срце, наградата на крајот ќе биде посебна: ќе запознаете едно рането човечко суштество кое поминува низ пеколот гледајќи го светот околу себе со желба да го разбере.
6 оценки за Годината минува, денот никогаш
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
knigava e prekrasna jas ja procitav vo srpsko izdanie me dopre vo srceto vo dusata mnogu pati me rasplaka no pak bi sakala da ja procitam na majcin jazik vredi da ja procitate
Anonymous (верификуван корисник) –