Како да се регистрирам?


Почитувани читатели и ценети корисници,

Преку креирање на Ваш личен кориснички профил на нашиот портал kupikniga.mk ќе можете да вршите нарачки на Вашите омилени и посакувани книги, но и да ја оценувате и коментирате целокупната понуда на производи достапна преку нашиот интернет сајт.
Личните податоци кои ги оставате при регистрација на нашата веб страница име, презиме, адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да Ви се овозможи електронско нарачување на Вашите омилени производи, како и добивање на промотивни материјали – билтен на вашата е-адреса каде што ќе бидете информирани за нашите акции и промоции. Во секое време може да ја деактивирате оваа можност со делот „Мојот профил“ – „Детали за профилот“ – „Билтен“. Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
Вашите права во однос на обработката на лични податоци вклучуваат:
• право да бидете информирани за обработката на личните податоци
• право на пристап до личните податоци
• право на исправка и бришење на личните податоци
• право на ограничување на обработката на личните податоци
• право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да ја посетите нашата политика за Заштита на лични податоци – секција „Кои се Вашите права врз личните податоци“ или можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Елена Темелковска, е-пошта: elena.temelkovska@ivote.mk, +389 76 397837
Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме Вашето искуство, Вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која KupiKniga.mk ја има со вас.

Процедурата за регистрирање и активирање на Вашиот кориснички профил се одвива во неколку едноставни чекори и тоа:

ЧЕКОР 1

По отворање на почетната страна на нашиот портал, прво одберете ја опцијата „Најава / Регистрација“ во крајниот десен простор од хоризонталното мени.

ЧЕКОР 2

Потоа, на страната за регистрација, задолжително внесете го корисничкото име, е-пошта и лозинка кои би сакале да ја користите при најава. Пред да преминете на следниот чекор, неопходно е да ја штиклирате опцијата дека се согласувате со општите услови за користење на услугите на порталот, кои можете да ги прочитате кликнувајќи на приложениот линк.

Потоа кликнете на копчето „Регистрирање“.

По притискање на копчето „Регистрирање”, на вашата електронска пошта ќе биде испратена електронска порака преку која ќе го потврдите активирањето на Вашиот профил.

ЧЕКОР 3

Кликнете на текстот “Кликнете тука за верификација” со што ќе бидете пренасочени кон прозорецот за најава каде ќе можете да се најавите за прв пат.