Семејството во Европа, XVI-XXI век

Издавач: Блесок | Јазик: Македонски | Година: 2008
Оригинален наслов: Семејството во Европа, XVI-XXI век | Бр. на страни: 320 | Димензии: 160x230 | Корица: /

Семејството во Европа, XVI-XXI век, е анализа на развојот на семејството во европските земји во последниве пет векови. Авторот се задржува на прашањето: дали постои еден универзален, природен модел на семејство кој најдобро одговара на потребите на брачните другари, децата и општеството. Д-р Дејан Мицковиќ дава преглед на најзначајните аспекти на брачниот и на семејниот живот во европските земји, како што се: структурата и функциите на семејството, односот на семејството со локалната заедница, улогата и значењето на бракот во општеството, склучувањето на брак и односите помеѓу брачните другари, односите помеѓу родителите и децата, влијанието на религијата врз семејството, и правното регулирање на брачните и на семејните односи. Посебно внимание им се посветува на брзите трансформации на семејството во современото општество, изразени преку зголемувањето на бројот на разводи, намалувањето на бројот на склучените бракови, драматичното намалување на стапката на наталитетот, зголемувањето на бројот на вонбрачни заедници и на процентот на деца родени надвор од брак и зголемувањето на бројот на монородителски и рекомпонирани семејства.

Цена: 700 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Блесок

Report an abuse for product Семејството во Европа, XVI-XXI век

Категорија:
ИСБН: 9778-9989-928-83-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Семејството во Европа, XVI-XXI век”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in