Граѓанско применето право (Наследно право)

Издавач: Блесок | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Граѓанско применето право (Наследно право) | Бр. на страни: 200 | Димензии: 160x230 | Корица: /

Книгата „Граѓанско применето право (Наследно право)“ е наменета пред сè за студентите на Мастер студиите по Граѓанско право. Основната цел на оваа книга е студентите да се запознаат со примената на нормите од наследното право во праксата. Структурата и содржината на книгата се конципирани така за да се реализира предвидената цел. Имено, покрај објаснувањето на основните институти од сферата на наследувањето, во книгата се дадени и голем број на судски одлуки што ќе им овозможи на студентите детално да се запознаат со практичната примена на нормите од наследното право. Покрај ова, дадени се и коментари на позначајните судски одлуки. Во книгата се содржани и голем број примери на обрасци на поднесоци поврзани со наследувањето, решенија, заклучоци, тужби, приговори, тестаменти, договори за отстапување на имот за време на живот и доживотна издршка и други документи што надлежните органи ги издаваат пред и во текот на оставинската постапка. Имајќи ја предвид ваквата содржина, се надеваме дека оваа книга ќе биде корисна и за правниците кои што секојдневно практично се занимаваат со прашања и теми од сферата на наследувањето, а пред сè нотарите, судиите, извршителите и адвокатите. Оваа книга може да биде и корисна за сите граѓани на Република Македонија кои што имаат интерес и потреба од добивање на информации и сознанија за практичната примена и остварувањето на наследните права.

Цена: 700 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Блесок

Report an abuse for product Граѓанско применето право (Наследно право)

Категорија:
ИСБН: 978-9989-59-352-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Граѓанско применето право (Наследно право)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in