Есеи (избор)
Автор:
Хорхе Луис Борхес
Издавач:
Конгресен Сервисен Центар |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
289 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Еден од најавтентичните и најрасните есеисти во целата историја на пишувањето е токму Хорхе Луис Борхес (1899‒1986), Аргентинец со планетарна слава, необичен писател и уште понеобичен читател на текстовите од секаков вид, автор кого многупати го доживуваме како суштество што доаѓа од некој друг свет.
Тривијално е да се констатира дека Борхес е врвен есеист ‒ макар што оваа констатација е апсолутно и беспоговорно точна. Впрочем, неговата авторска библиографија веќе на прв поглед ја докажува постојаната страст по есеизирањето, од која Борхес не се ослободил до крајот на животот.
Борхес е вечниот испитувач, истражувач и измачувач на книжевната форма, кој копнее да ги открива нејзините крајни можности. Не само текстуални, туку ‒ особено ‒ оние интертекстуални и транстекстуални. Оние заумни, скриени, бутнати под килимот на сознанието и на свеста, таинствени... Токму заради оваа своја интуитивна/инстинктивна трагачка страст, „библиотекарот“ Борхес го препознаваат и како родоначалник на фамозната постмодерна епоха која го одбележа крајот на дваесеттиот век./
Оценки
Сѐ уште нема оценки.