Математика за банкарство и за финансии

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: The Mathematics of Banking and Finance | Бр. на страни: 312 | Димензии: 165x235 | Корица: /

Во последниве години значително се менува светот на бизнисот. Се прашуваме зошто. Бидејќи во бизнисот сè повеќе почнува да се применуваат веројатноста, статистичките методи и аналитиката онаму каде што не биле применувани досега. Книгата нуди вовед во најразлични техники што се применуваат во областа и размислувања како треба да се пристапи кон секоја од техниките. Практичниот стил на пишување придонесува читателот многу брзо да ја осознае целта на одредена техника и преку одличните илустрации да дознае како се применува во практика.
Денис Кокс
е извршен директор на „
Risk Reward Ltd“, консултант за стратегија и за ризик на финансиските услуги и член на многубројни одбори и комисии. Мајкл Кокс е предавач за квантитативни методи на голем број факултети. За студентите по МБА предава статистика и наука за менаџмент.
Двајцата автори се обидуваат да ја разбијат мистиката што виси над математичките техники и да ги доближат дури и до оние што имаат површни познавања. Целта е да се намали бројката на погрешно применети модели на погрешни места. Овој текст помага полесно да преживеете во банкарскиот свет, каде с
è повеќе се применуваат математиката и науката.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 990 ден

40 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Математика за банкарство и за финансии

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-028-7

1 оценка за Математика за банкарство и за финансии

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in