Заложно право
Авторот Ив Пико, професор и декан на правниот факултет при Универзитетот „Перпињан виа Домитиа“, ја посветил оваа книга на еден од најзначајните правни инструменти што се во служба на пазарната економија – заложното право. Тоа низ времето минало низ длабоки промени. Во минатото било релативно статично, но денес станува збор за една исклучителна динамичност што станува негова основна карактеристика, притоа предизвикувајќи голем интерес кај поширокиот круг правници и економисти.
Текстот е поделен на повеќе делови и поглавја во кои се разработени правната природа на гарантирањето, склучување и имплементација на гарантниот депозит, условите за престанок на гарантниот депозит, алтернативите за лични гаранции преку новите видови заложно право што е дефинирано во граѓанскиот законик, договорите за залог на движен имот и договорите за залог на недвижен имот.
Ова е уште една мошне интересна книга која претставува спој на правото и на економијата, а зборува за тема што на сите нам ни е добро позната. Секој од нас дошол во ситуација да стави нешто под залог. Сега, пред нештото да го заложиме, може повеќе да се информираме за сите правни аспекти од процесот на заложување.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Заложно право
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –