Промени во земјата

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Changes in the Land | Бр. на страни: 272 | Димензии: 140x207 | Корица: /

Промена на земјата е оригинална и убедлива интерпретација на промените што настанале во однос на растенијата и на животните во колонијата Нова Англија како последица од менувањето на индијанската со европска доминација. Со алатките што ги користат историчарите и екологистите, Вилијам Кронон воспоставува одлична интердисциплинарна анализа за тоа како луѓето и земјата се однесуваат едни кон други и како таа комплексна мрежа од односи ù дава нов изглед на животната средина.
Вилијам Кронон
е професор по историја, географија и по животна средина на Универзитетот во Висконсин. За овој наслов ја има добиено наградата „Френсис Паркмен“, а за книгата „Метрополис на природата: Чикаго и големиот Запад“ ја добил наградата „Банкрофт“.
Авторот објаснува дека Индијанците не биле постатични од колонистите во поглед на нивните активности и организација. Тие не го дефинираат „индијанското“ исклучиво во поглед на еколошките односи, туку и во поглед на својот идентитет и отпор кон колонијализмот што продолжува и по уништувањето на нивната воена и политичка автономија. Сепак, Кронон се задржува на тој еколошки аспект, бидејќи за политичкиот и за воените аспекти има веќе доволно објаснувања во дела на други автори.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 750 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Промени во земјата

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-098-0

1 оценка за Промени во земјата

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in