Почитување на виното

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Wine appreciation | Бр. на страни: 508 | Димензии: 207x277 | Корица: /

Со ова издание на Почитување на виното, Ричард П.Вајн, професор по енологија на Катедрата за храна при Универзитетот „Пердју“ и консултант за вино на Американ ерлајнс, направи маестрална работа со голема широчина и длабочина во своите излагања. Неговата посветеност на виното е навистина огромна. Тој, на само нему својствен, нов и возбудлив начин ги спојува уметноста и науката за виното. Факт е дека колку повеќе млади луѓе ја разберат улогата на виното во општеството, многуте негови позитивни страни, како и негативните што се појавуваат при негова злоупотреба, дотолку повеќе ќе имаме добри луѓе и подобро општество.
Во воведот, Вајн зборува за потеклото и за дефинициите на виното, неговата ферментација, сортите грозје, составот на виното и неговата микробиологија, неговата класификација и методи на производство, како и за маркетиншките аспекти за негова продажба. Понатаму ја презентира историјата на виното и неговата поврзаност со физиологијата на човекот. Нормално, тука е неизоставна и неговата употреба во кулинарството. Во вториот дел од книгата се дадени сите основни карактеристики на американските, француските, италијанските, германските, австриските, швајцарските, шпанските, португалските, австралиските, јужноамериканските, мексиканските, јужноафриканските, канадските и на новозеландските вина.
Ние се погриживме на македонското издание да му дадеме ексклузивен изглед и со тоа да понудиме еден совршен подарок за секој љубител на виното.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 2450 ден

209 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Почитување на виното

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-236-6

2 оценки за Почитување на виното

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Svetomir Ruseski (верификуван корисник)

    Книгата пристигна за 3 дена, нормално спакувана. Книгата тврда корица со текст и слика. Книгата е доста добра има доволно податоци за секој љубител на темата вино и неговото потекло. Јас ја читав англиската верзија па затоа ја купив оваа знаејќи дека е добра зделка.

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in