Историја на политичките идеи, Том 2
Во изразот „историја на политичките идеи“, зборот историја изгледа како да е поважен од зборот политика. Историја на политичките идеи е нераздвоен дел од историјата на институциите и од историјата на општеството, од економските доктрини, од философијата, религијата, технологијата итн. Авторот не прави детална анализа на политичките системи, туку ги разгледува тие системи од аспект на нивното егзистирање во одредена епоха или општество.
Жан Тушар (1918–1971) е француски политиколог и историчар. Бил културно аташе во Аргентина и генерален секретар на Националната фондација за политички науки.
Во Книга 1 пишува за Грција и за хеленистичкиот свет, за Рим и за почетокот на христијанството, за раниот среден век и за хиерократскиот емпизизам, за средниот век и за папската власт, за крајот на средниот век, за обновата на идеите при политичките конфликти во 16 век и за подемот и за падот на апсолутизмот.
Во Книга 2 се осврнува на епохата на просветителството, револуционерната мисла и на контрареволуцијата, движењето на политичките идеи во 19 век и создавањето на марксизмот, либерализмот, традиционализмот и на империјализмот во периодот од 1848 до 1914 година, социјализмот и револуционерните движења, ленинизмот и фашизмот. За крај, како заклучок, се наметнува појавувањето на новиот национализам.
Одлично дело кое се наметнува како задолжително четиво за секој политиколог.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Историја на политичките идеи, Том 2
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –