На крајот од војната: Градење мир по граѓански конфликти
Оваа книга дава огромен придонес кон разбирањето на теоријата и на практиката при градењето на мирот. Подеднакво е корисна како за научниците така и за практичарите. Авторот на експертски начин покажува како градењето на мирот еволуира од скромните обиди за негово зачувување кон многу поамбициозна агенда за создавање социополитички услови за стабилен мир.
Роланд Парис е доцент по политички науки и по меѓународни прашања на Универзитетот во Колорадо. Добитник е на книжевната награда „Чедвик Ф.Адлер“ за 2005 година, доделена од страна на Асоцијацијата за меѓународни проучувања.
Тој документирано потврдува дека патот кон пеколот може да биде поплочен со добри намери. Сведоци сме дека во повеќе наврати обидите на меѓународната заедница за создавање на демократија и стабилни пазари се претвориле во насилство и во нарушена конкурентност на пазарот. Сите негови заклучоци и препораки треба да бидат сериозно дебатирани од страна на сите засегнати страни во креирањето стабилен и долготраен мир. Со тоа ќе се надминат проблемите што беа дамка на многуте неуспешни мировни мисии и ќе се создадат услови за подолгорочни, подобро планирани и во крајна линија понаметливи форми на интервенција во домашните проблеми на државите погодени од војни.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за На крајот од војната: Градење мир по граѓански конфликти
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –