Реставративна стоматологија
Ова издание може да го користат студенти по стоматологија, кои се на дипломски и на постдипломски студии. Содржината е концизна и прифатена како вовед во различните специјалистички области што ја сочинуваат реставративната стоматологија. Јасно се гледа нивната меѓусебна поврзаност и потребата од еден заеднички тераписки план. Свесни дека опфаќањето на севкупниот домен на реставративната стоматологија е тешко остварливо само со овој учебник, авторите си поставиле за цел да го зголемат интересот кај читателите за оваа област и да ги воведат во проблематиките со кои ќе се среќаваат, истовремено мотивирајќи ги да го продлабочуваат своето знаење.
Фиксната и мобилна протетика се разработени од страна на Демиен А.Валмсли, професор по реставративна стоматологија при Универзитетот „Бирмингам“. За парадонтологијата пишува Тревор Ф.Волш, професор по реставративна стоматологија на Универзитетот „Шефилд“. Ендодонцијата ја објаснува Фили Ј. Лумли, професор по ендодонција на Универзитетот „Бирмингам“. Препарациите и атхезивните реставрации на забите се опишани од страна на Тревор Ф.Ј.Бурк, професор по примарна стоматолошка грижа на Универзитетот „Бирмингам“. Ричард Хејс-Хол, професор по конзервативна стоматологија при Универзитетот „Бирмингам“, зборува за оклузијата и, за крај, Иан А.Прити, виш предавач по реставративна стоматологија, ја третира темата за кариесот и превентивната стоматологија.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на medicina@arslamina.com.
1 оценка за Реставративна стоматологија
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –