Го сакам Вегас
Автор:
Линдзи Келк
Издавач:
Сакам Книги |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
317 |
Димензии:
21х13
|
Корица:
мека
Она што се случува во Вегас, останува во Вегас...
Анџела Кларк го обожава својот живот како Британка во Њујорк. За жал, таа од неодамна е Британка во Њујорк која ја губи работата, а со тоа и својата работна виза. Кога имиграционото биро ја известува дека таа има еден месец за да ја напушти земјата (и тоа токму пред Божиќ), таа очајно се фрла на кроење планови за да најде начин да остане во Њујорк. Но триесет дена се малку за човек да најде работа. Или да се омажи... Особено кога таа е убедена дека Алекс, нејзиното момче, нема да биде импресиониран од идејата да се ожени за виза.
Кога купот грижи станува неподнослив, Џени, откачената најдобра пријателка на Анџела, ја изненадува со прекрасен божиќен подарок за релаксација. Викенд во Вегас! Има ли подобар начин за опуштање од гламурозни клубови, коктели, дизајнерска облека и ноќи полни со забава? Но дали е вистина дека она што се случува во Вегас останува во Вегас или и тоа се враќа дома со тебе и ти го превртува животот наопаку?
„Претпоследниот дел од серијалот Го сакам... е подеднакво топол, смешен и забавен како и првите три дела - тој просто ве скокотка однатре и ве остава нетрпеливи за последниот дел од книгата: Го сакам Лондон.“
1 оценка за Го сакам Вегас
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –