Природна контрола на телесната тежина
Автор:
Норман В. Волкер
Издавач:
Мартина |
Јазик:
македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Pure and simple natural weight control |
Бр. на страни:
226 |
Димензии:
17х12
|
Корица:
/
Клетките во нашите тела се дарувани со живот и со интелигенција. Тие одговараат на стимулациите на умот, без разлика дали сме свесни за тоа или не. Тие во секој поглед се наши слуги. Но, за да можат да ги извршуваат своите обврски, мора да се хранат.
На нашите живи клетки потребна им е храна која исто така треба да е жива. Животот и смртта не одат заедно, тие меѓусебно се исклучуваат, се негираат.
Во нашите клетки се наоѓаат витални животни елементи, познати како ензими. Тие се животниот принцип во атомите и во молекулите на секоја жива клетка.
Невозможное да ги обновувате органските (живи) клетки на вашето тело со неорганска (мртва) храна.
Не судете и на содржината на оваа книга врз основа на своето знаење за она што треба да јадете и да пиете. На овие страници ве запознавам со законите на Природата. Моето истражување ми овозможи да сфатам дека се што е спротивно на тие закони е резултат на човековата глупост и слабост. Законите на Природата, а само дел од знаењето за тие закони можам да ви го пренесам на овие страници, се неуништливи.
Мудро е да не го темелиш своето знаење на навиките или на традицијата. Осознај ја вистината пред да донесеш заклучок. Ниту еден човечки ум не размислува исто откако ќе ја осознае вистината.
Questions and Answers
You are not logged in