Морфологија на сказната
Автор:
Владимир Проп
Издавач:
македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2009
Оригинален наслов:
Морфология сказки |
Бр. на страни:
193 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
мека
„Морфологија на сказната“ е мала според обемот, но велелепна книга според влијанието што го имаше врз светската научна мисла. Таа е со статус на една од најпопуларните книги во светската фолклористика, а Е. М. Мелетински рекол дека е книга која одела пред своето време и книга на која времето не ѝ одзело ништо од нејзиниот сјај и значење. Го носи и квалификативот „револуционерна“ – се јавува како предвесник на структурално-типолошките истражувања, коишто во западните земји се појавија дури три децении по појавата на овој фундаментален труд на Проп. Оттогаш станува незаобиколна појдовна точка за сите натамошни истражувања во фолклористиката и едно од клучните фолклористички дела на 20 век.
Questions and Answers
You are not logged in