Борис Сарафов – биографија

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Борис Сарафов - биографија | Бр. на страни: 150 | Димензии: 240х170 | Корица: мека

Личноста на Борис Сарафов во македонското револуционерно движење досега не е целосно научно проучена и валоризирана. До Втората светска војна македонските интелектуални дејци во Бугарија, па и неговите соборци и учесници во македонското револуционерно движење, не објавија посериозен труд за улогата на Борис Сарафов во македонското дело. По Втората светска војна и македонската историографија, па и бугарската, кои со години ги проучуваа, анализираа и расветлуваа процесите, настаните и личностите на македонското револуционерно движење и пројавите, поделбите и судирите во Македонската револуционерна организација, објавувајќи томови книги за нив, во своите научни проекти го избегнуваа поцелосното и попродлабочено проучувањето на револуционерниот профил на Борис Сарафов. Во македонските историски трудови, Сарафов, главно, е претставен како офицер на бугарската армија, учесник во импровизираните востанија и акции, врховист и припадник на пробугарското крило во Македонската револуционерна организација, авантурист по европските престолнини, склон на собирање средства за Организацијата и нивно ненаменско расфрлање и трошење, додека неговите соработници и приврзаници беа нарекувани „врховисти“ и „сарафисти“. Ваквата потреба за објавување труд на севкупното револуционерно дело на Борис Сарафов ја уочил и Павел Шатев, кој за време на својот престој во затворот во Ќустендил, во периодот 1942-1944 година го напишал овој труд. Книгата на Павел Шатев за Борис Сарафов не е класична биографија за овој македонски револуционерен деец. Всушност, текстот претставува анализа на неговата револуционерна дејност, преиспитување на објавените трудови, написи, спомени, сеќавања и изјави од неговите соработници и современици, еден вид трактат за неговите револуционерни, морални и етички поведенија. Истовремено е и тестаментарен завет на Шатев за презентирање на вистинскиот лик на актерот што ги обезбедил парите за купување на динамитот за извршување на солунските атентати, во кои и Шатев беше еден од учесниците.

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Борис Сарафов – биографија

Категорија:
ИСБН: 978-608-4614-25-8

Questions and Answers

You are not logged in