Потпукнувања
Автор:
Бранислав Облучар
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Pucketanja |
Бр. на страни:
98 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
Книгата со лирски записи "Потпукнувања" на наградуваниот хрватски писател Бранислав Облучар во 2011 година ја понесе наградата „Квирин“ за најдобра поетска книга во Хрватска на автор до 35 години. „Потпукнувања“ не е жанровски класична поетска книга, туку поетско-прозна книга, односно поезија во миниесеистичка форма. Облучар испишал прекрасни поетски есеи за секојдневни ритуали и нешта, на кои им ја разоткрива лирската димензија. Приказната и мислата се развиваат и се надградуваат врз искуството од читања на текстови на други автори, создавајќи палимпсестна форма која го носи восхитот од читањето.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.