Македоника бр. 1
Автор:
/
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Македоника бр. 1 |
Бр. на страни:
107 |
Димензии:
240х165
|
Корица:
/
Првиот број на списанието содржи петнаесетина текстови кои тематски се поврзани со Македонија. Објавени се текстови на Волф Ошлис, Науме Радически, Валентина Миронска Христовска, Бранка Калоѓера, Васил Тоциновски, Петре Бакевски, Нове Цветаноски, Душко Крстевски, извадоци од дела за Македонија на Артур Лундквист, Франц Дофлајн и Далибор Шимпрага, по една песна за Македонија од Сретен Перовиќ („Македонија екумена“) и Монтагју Ломакс („Македонија, 1903“), како и рубриката „Библиографика македоника“. Текстовите во овој број се однесуваат на Наум Охридски како европски дипломат, состојбите со македонскиот идентитет во 19 век, Димитар Миладинов како аниматор на македонската преродба, првата модерна заложничка криза и Македонија во американскиот печат, американските теми во македонската литература, македонските ракописи на Света Гора, записи за Македонија во времето на Првата светска војна, а е објавен и осврт за романот на Артур Лундквист за Александар Македонски.
Questions and Answers
You are not logged in