Цвеќињата на злото

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Les fleurs du mal | Бр. на страни: 286 | Димензии: 135x200 | Корица: мека

Шарл Бодлер без сомнение е најголемиот модернистички поет, кој со својата поезија драматично ја смени идејата за тоа што e убавината и што може убавинатада биде, поставувајќи ги големиот град и урбаната естетика во средиштето насвојата поезија. Цвеќињата на злото меѓу другото е и побуна против граѓанското општество и воспоставените малограѓански норми. Побуна против редот, спокојството, благосостојбата и плитката среќа. Стиховите на оваа збирка им ги фрлаат в лице начитателите своите слики на внатрешните маки, на забранетите љубови, на бедата, распаѓањето и смртта. Бодлер е речиси сиот свртен кон темното, забранетото,отфрленото... Бодлер ја почувствувал промената во пулсот на живеењето, промените восфаќањата и чувствувањата на светот што се случувале кај жителите на големите градови, љубопитностакон необичното, гладот за силните сензации. На тој начин ја напишал збирката која претставува камен-темелник за поезијата што ќе се пишува речиси сто години по него.
Рангирано 3.50 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците

Цена: 350 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Цвеќињата на злото

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-197-6

Questions and Answers

You are not logged in