Агрегатна состојба

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Agregatno stanje | Бр. на страни: 106 | Димензии: 10x20 | Корица: мека

Поетот и историчар на уметност Звонко Маковиќ ја разоткрива ранливоста и резигнацијата на типичниот интелектуалец на XX век во времето на насилство, кој не гледа никаква можност да развие пост-катастрофален идентитет, фрагментиран како фотографија искината на парчиња... Главната моќ на овој акт на естетска резигнација и етичко разочарување е во возбудливата едноставност на книжевниот стил на Маковиќ, кој силно се спротивставува на гласните прокламации кои често ги следат драстичните сцени на насилство и смрт.

Сибила Петлевски

Поетскиот опус на Звонко Маковиќ е пример на постмодернистички отворен опус. Во него се соединети провокативноста на експериментот и академската смиреност, проекцијата и случајноста, емоцијата и мислата, стиховниот и прозниот поредок, желбата за пронаоѓање индивидуален говор... Противречностите на писмото на Маковиќ се противречности на времето во кое тоа е обликувано – со нив се хранела и во нив се конституирала современата инаквост на поетската имагинација.

 

Крешимир Багиќ

 
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Агрегатна состојба

Категорија:
ИСБН: ​ ​​​​9786084507796

1 оценка за Агрегатна состојба

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in