МАКЕДОНСКАТА ЛУСТРАЦИЈА

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: МАКЕДОНСКАТА ЛУСТРАЦИЈА | Бр. на страни: 235 | Димензии: 240х170 | Корица: /

Книгата е поделена во два дела – првиот насловен „Горчлива вистина“, а вториот „Лица без маски“. Во првиот дел авторот се осврнува на правниот, општествено-политичкиот и етичкиот аспект на македонската лустрација. Вториот дел, кој е пообемен, содржи историски документи, коментари и делови од дваесетина досиеја, кои ја потврдуваат соработката со поранешните тајни служби на поединци, кои отворено настапија против процесот на лустрација, а со тоа и против натамошната демократизација на македонското општество, како и на „угледни и видни“ личности од претходниот систем. На овој начин пред јавноста аргументирано се укажува на дејствувањето на тајните служби, кои во улога на господари на животот и смртта биле темел и основа за изградба и функционирање на комунистичкиот режим. Ставени во функција на заштита на комунистичките лидери, илустративно е претставено нивното дејствување во елиминирањето на „идеолошки неподобната“ интелигенција, групи и поединци и во формирањето на строго контролирана интелектуална „елита“...

Цена: 200 ден

6 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product МАКЕДОНСКАТА ЛУСТРАЦИЈА

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-002-5

Questions and Answers

You are not logged in