Кетеринг – менаџмент
Автор:
Ненси Ломан Скенлон
Издавач:
Арс ЛАМИНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Catering Management |
Бр. на страни:
262 |
Димензии:
200х290
|
Корица:
/
Сеопфатен современ водич за управување со вашите кетеринг-бизниси
Успешниот кетеринг вклучува повеќе отколку само одлично јадење. Правилното водење на вашиот бизнис исто така бара силни вештини за маркетинг, контрола на трошокот и буџетот и секојдневно управување со бизнисот.
Четвртото издание на Кетеринг-бизнис им дава на професионалците и потенцијалните угостители детален совет и важни деловни вештини потребни за успешен кетеринг во и надвор од објектот. Книгата ги опфаќа сите основи вклучувајќи стилови на кетеринг-операции, дизајнирање и формирање цена на мени, послужување храна и пијалаци, управување со персонал и опрема и многу повеќе. Развиено за да ги рефлектира новините во развојната област, ова ново издание опфаќа тековни трендови во одржливи практики, дизајнирање дигитално мени и предлог, нов софтвер и опрема, социјално вмрежување, онлајн промоции и развивање предлог врз основа на барање. Со суштинските менаџмент техники што ќе ги одржат постојните практичари на современо ниво и експертски совет за да помогне во градењето кариери на угостителите, кетеринг-менаџмент е иделен водич во дејноста за сите цели.
Д-Р НЕНСИ ЛОМАН СКАНЛОН има повеќе од триесет и петгодишно искуство во дејноста на угостителството и работела на менаџмент-позиции за храна и пијалаци со „Холтон хотелс корпорејшн, Интерстејт хотелс и ресортс и Мериот интернешенел“ (Hilton Hotels Corporation, interstate Hotels & Resorts, and Marriott International). Денес е вонреден професор на школата за менаџмент на угостителство и туризам Чаплин на меѓународниот универзитет Флорида. Други нејзини книги се Маркетинг според мени, Управување со ресторан и Гарантирана квалитетна услуга во ресторан.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.