Интелектуална историја на Европа
Автор:
Марвин Пери
Издавач:
Виг Зеница |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
An intellectual history of modern Europe |
Бр. на страни:
468 |
Димензии:
24 cm
|
Корица:
/
Современиот американски автор Вилијам Пери напишал прегледна, исцрпна, јасна историја на мислата на модерна Европа. Почнува со Стара Грција и Рим, продолжува со средниот век, со ренесансата, со научната револуција (Коперник, Галилеј, Кеплер, Њутн, ...Декарт, Спиноза), ја анализира политичката мисла (...Макијавели, Хобс, Лок), посебно се задржува на просветителството (Монтескје, Волтер, Русо....) на романтизмот и германскиот идеализам (... Кант, Хегел)... за да дојде и до Ниче, Достоевски, Бегрсон, Кафка, Фројд, Јунг), го разгледува ирационализмот на политичкото размислување (христијанскиот антисемитизам, фашизмот, сталинизмот), интелектуалците и уметниците во немирните времиња (... Ерих Фром, Орвел, Сартр)... се до посебностите на постомодерната. Со еден збор, се работи за комплексно дело, наменето главно за студентите, но и за сите кои сакаат да стекнат увид во сите движењето на човеќкиот дух од Стара Грција до денес.
Превод: Душко Стојановски
Оценки
Сѐ уште нема оценки.