Поетскиот дискурс и наставата

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Поетскиот дискурс и наставата | Бр. на страни: 144 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Предмет на истражување на Ана Витанова Рингачева во овој труд е поезијата и нејзините специфики, особености и различности, со посебен акцент на интерпретацијата на поетскиот текст во наставата по литература во средното образование. Трудот е поделен на три дела, насловени со: 1. Уметноста во сите нејзини форми, 2. Поезијата како акт на комуникација и 3. Наставна интер­пре­та­ција на поетски текст. На овие три главни структурни еле­мен­ти на трудот им претходи, секако на почетокот, Воведот, а на крајот следи Заклучокот, како завршен дел, во кој се дадени сумирани резултатите од научно-истражувачката работа, кои пак, како такви би требало да претставуваат основа за идни истра­жу­вања од областа на методиката, како можност за унапредување на наставната методологија. Апликативно поставените тези, Ана Витанова Рингачева, ги проверува врз примери од поезијата на Блаже Конески.

Цена: 200 ден

0 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Поетскиот дискурс и наставата

Категорија:
ИСБН: 978-608-4614-19-7

Questions and Answers

You are not logged in