КупиКнига.мк ви нуди ПОПУСТИ до -40% за добредојде на новиот САЈТ!

Оваа недела, КупиКнига.мк ви нуди големи попусти за да ви посака добредојде на новиот сајт! Обезбеде си залиха за на плажа додека трае попустот, наполнете си го куферот за уживање на сонце и читање на најдобрите и најпопуларните книги. Тимот на КупиКнига.мк ви благодари за досегашната соработка. Летото конечно може да започне!

Како инспирација, ви ги нудиме најпродаваните книги периодот на попуст:

  1. ЦРНА КАКО АБОНОС

Во приказните, исто како и во вистинскиот живот, сѐ што е скриено сака да биде најдено. Клучот чекаше повторно да биде допрен и да го отвори ковчегот. Чекаше стрпливо, неподвижно и немо. Наскоро ќе чукне неговиот час.

По возбудливото лето во Прага, Лумики Андерсон се враќа во Финска, во својата престижна уметничка школа. Добива главна улога во училишната театарска претстава, современа адаптација на Снежана и се соочува со нов предизвик – Сампса, младичот што ја игра улогата на ловецот, неодоливо ја привлекува и во неа буди дилема за тоа што и кого всушност го сака.

И токму кога се чини дека полека сѐ се враќа на своето место, Лумики почнува да добива страшни љубовни пораки, чии што злокобни најави не може да ги игнорира. Кога таинствениот прогонувач го најавува остварувањето на своите закани на премиерата на претставата, Лумики е свесна дека мора да открие кој се крие зад маската и по секоја цена мора да го спречи најлошото. „Има ли Лумики некаква шанса да ги заштити своите најмили од непријателите чие срце е црно како абонос?

„Како кревка снегулка, оваа приказна насликана со црвена, бела и црна палета на бои, сјае со ледено волшепство“ – Киркус ривјус

Трилогијата романи Снежана (Црвена како крв, Бела како снег и Црна како абонос) стана книжевен феномен веднаш по нивното објавување, а наскоро се очекува и премиера на овие светски бестселери на филмското платно во Холивуд. Авторските права за романите досега се продадени во 52 земји во светот.

  1. Совршената замена

ЖЕНАТА ПРЕТХОДНО…

Ванеса и Ричард биле во брак седум години – сè додека не ја оставил за друга жена, некоја помлада и попосакувана. И таа сега ги поминува деновите навраќајќи се на болни спомени и обидувајќи се да сфати кога работите меѓу нив тргнале во толку лош правец. Но се разбира дека ни таа не е апсолутно невина во сето тоа – таа никогаш не била жената за која ја сметал Ричард.

ЖЕНАТА ОТПОСЛЕ…

Нели е свршена за човекот од нејзините соништа. Ричард е грижлив, харизматичен и успешен, но најважно од сè, ѝ ја дава безбедноста по која секогаш копнеела. Но како што нивната свадба наближува, таа сè повеќе има чувство дека некој ја следи и набљудува.

СОВРШЕНАТА ЗАМЕНА…

Никој не ја знае вистината за тоа што точно се случува во еден брак, дури ни за оние кои од страна личат на среќни бракови. Но Ванеса е сигурна во едно: ќе направи сè што треба за да ја запре свадбата на Ричард пред да биде предоцна. Таа нема да дозволи нејзината совршена замена да му стане нова сопруга.

  1. Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината

Приказна за безусловната љубов, љубов ослободена од секакви клиеша кој ќе ве погоди в срце со својата посебност, силина, необичност, со драматичните пресврти и возбуда, за упорноста и храброста, за никогаш да не се откажеш од љубовта и сонишата.

Книга која ќе остане во душата… засекогаш!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *