30 проблеми од областа на правото за кривична постапка
Во ова издание се дадени 30 случаи од централните области на правото за кривична постапка. Од една страна се третираат актуелните и основни проблеми со помош на примери, а од друга страна целосно се користи материјалот од Законот за кривична постапка. Со општите образложенија што се дадени како прилог кон секој од поставените проблеми гарантира целосен преглед на Законот за кривична постапка во смисла на основните потреби што ги имаат студентите. Читателот може да ги продлабочува своите знаења преку дадените референци за друга стручна литература.
Дитер Резнер е професор на Правниот факултет при Универзитетот „Филипс“ во Марбург. Во креирањето на оваа книга од голема помош му бил јавниот обвинител од градот Кил, д-р Емануел Гура, на кого Дитер му е посебно благодарен.
Содржината на книгата се базира на 30 проблеми и на исто толку понудени решенија, со цел преку практични примери да се совлада материјата од кривичната постапка. Одличен ресурс за секој студент по право и незаобиколна литература за сите оние што имаат допир со правната проблематика.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за 30 проблеми од областа на правото за кривична постапка
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –