900 денови опсада на Ленинград
Херисон Солсбери веројатно ја познава Русија подобро од кој било друг жив американски дописник, патувајќи интензивно и нашироко низ речиси секој дел од Советскиот Сојуз, вклучително и низ одамна отсечените и изолирани региони на Сибир, Субарктикот, како и по течението на реката Волга и во Украина.
Негова прва должност во Русија е на позицијата раководител на бирото на „Јунајтед прес“ во Москва, во 1944 година. По приклучувањето во „Њујорк тајмс“ во 1949 година, станува нивен дописник од Москва и таму останува во следните пет години. Во текот на овој период се раѓа неговата прославена серија во „Тајмс“, „Раша Ри-Вјуд“ (Russia Re-Viewed), што ќе му ја донесе Пулицеровата награда во 1955 година. Последователно Солсбери пишува две книги посветени на истиот период, Американец во Русија (American in Russia, 1955) и Московски журнал – Крајот на Сталин (Moscow Journal – The end of Stalin, 1961).
Како резултат на неговите репортажи, Солсбери е протеран од Русија на период од пет години и му е забранет влез во земјата до 1959 година. Во тоа време останува речиси шест месеци, патувајќи илјадници километри низ Советскиот Сојуз. Неговата книга од 1960 година, Москва и пошироко (The Moscow and beyond), е резултат на ова патување. Оттогаш двапати ја посетува Русија, во 1961-62 и 1967 година.
Солсбери е автор на други две книги посветени на Русија, Нова Русија? (A new Russia?, 1962) и романот Аферата Северна Палмира (The Northern Palmyra affair, 1962), во врска со градот и граѓаните на Ленинград, кон кои има длабока и посебна наклоност.
Во Опсада на Ленинград Солсбери првпат ја обелоденува улогата на политичката полиција на Сталин за време на војната и срамните грешки на војската. Но, од друга страна, со воодушевување ги слави извонредните граѓани на Ленинград – уметници, писатели, работници во фабрики, мајки, стари луѓе, деца – кои се бореле, гладувале и умирале на улиците, но не потклекнале.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.