Aктивната страна на бескрајот
Автор:
КАРЛОС КАСТАНЕДА
Издавач:
Ѓурѓа |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
192 |
Димензии:
125X200
|
Корица:
мека
Овој автобиографски роман го претставува долгиот пат, животниот пат на Кастанеда, фокусиран на неговото доживување на „настаните вредни за паметење“. Практично сиот негов живот бил пат кон шаманизмот и волшепствата, дури и оние кои за време на неговото детство тој сè уште не ги доживувал како такви симболични и суштински знаци кон вистинската насока. Драматични, реалистични, и тоа во најразлични простори и времиња, овие настани од неговиот интересен, содржински максимално исполнет пат кон кулминацијата - скокот во амбисот, односно кон целосната слеаност со вселената - се патоказ на еден концепт за свеста, за себеси и светот, за животот, смртта, енергијата и суштините.Кастанеда ја допира и ја брише тенката линија помеѓу двете бинарни опозиции живот-смрт, бескрај-физички свет. Во суштина, тоа е шаманизмот и филозофијата на волшебниците на древно Мексико, на дон Хуан Матус и на Карлос Кастанеда, кои ни покажуваат како да се слееме со бескрајот и - со себеси. Човекот е навистина предодреден да биде магиско суштество, па доколку побрзо го сфати тоа, можеби ќе ги избегне канџите на летачот-грабливец и нема и понатаму да биде под влијание на најсилниот седатив наречен секојдневен живот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.