Атлас во боја за клиничка анатомија на куче и мачка

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Colour atlas of clinical anathomy of the dog and cat | Бр. на страни: 220 | Димензии: 240x308 | Корица: /

Овој суштински преглед минува низ голем збир анатомски детали како би бил во можност да понуди јасен водич за анатомијата на куче и на мачка, релевантен за секојдневните барања во ветеринарната практика. Атласот содржи 275 фотографии во боја на анатомски дисекции со потенцирање на клучните разлики меѓу кучињата и мачките, повеќе од 75 црно-бели фотографии на радиографи и ултрасонографи, информации потребни за студентите по ветерина во јасен и концизен формат и анатомски слики од свеж материјал на кој е прикажан изгледот на ткивата.
Д-р Џек С.Бојд
е професор по клиничка ветеринарна анатомија на Ветеринарниот факултет при Универзитетот во Глазгов. Во својот текст тој постојано ја користи базичната анатомска терминологија и заедничката номенклатура во вид на НАВ-стандарди (
Nomina Anatomica Veterinaria). Тектот и повеќето фотографии се однесуваат на куче, додека анатомијата на мачка е дадена само како компарација за да се уочат разликите. Со дисекцијата, целта беше анатомските делови да се прикажат во што е можно поприроден изглед, со што се добива голема предност во однос на стилизираните анатомски препарати. Секако дека сите карактериститки го ставаат атласов во групата вредна и незаобиколна литература за сите ветеринари.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1900 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Атлас во боја за клиничка анатомија на куче и мачка

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-096-6

1 оценка за Атлас во боја за клиничка анатомија на куче и мачка

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in