Автобиографија
Автор:
Григор Прличев
Издавач:
ПНВ Публикации |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Автобиографија |
Бр. на страни:
108 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Подготвувајќи ја Автобиографијата (истото се однесува и за ’Мечта на еден старец‘) за нов прочит, а пред сѐ наменет за помладиот читател, должен сум да кажам дека тоа го правам со голема возбуда предизвикана од Прличевата постојана присутност меѓу нас. Неговото дело не го остава рамнодушен македонскиот љубопитник и тој понабрзо се навраќа кон него: на современ македонски јазик во неколку наврати се приопштувани неговите сјајни поеми ’Сердарот‘, ’Скендер-бег‘, но и неговиоте детски песни, а овој е втор обид да се ’преведе‘ Автобиографијата, додека негови слова, одделни песни и препеви се наоѓаат во различни изданија, помакедончени (како што би рекол Гане Тодоровски) или во оригинал пренесени на ’неговиот јазик‘. Преводов е направен од првообјавениот текст на Автобиографијата во ’Сборник на народни умотворенија, наука и книжнина‘, книга 11, стр. 346-403, Софија, 1894 година, десет години по нејзиното настанување и една година по смртта на авторот. Текстот го следи оригиналот, но заради читливоста, а имајќи во предвид дека тој е наменет за помлад читател, се обидов да го поделам на помали целини со белини. Текстот е пренесен на современ македонски литературен јазик, а оние поими или фрази што инсистираат на оригиналот дадени се во фусноти. На некои места (но незначителни) си допуштив слобода и со стилска интервенција. Исто така, бидејќи во оригиналот дијалозите се слеани во густо печатен текст, овдека се дадени во нов ред, впрочем како и во преводот на Т. Димитровски. Надевањето дека е направен лесен и читлив превод ќе се оправда откако тој ќе се најде во рацете на младиот читател“
Questions and Answers
You are not logged in