Автобиографијата на Бенџамин Френклин

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Benjamin Franklin / Autobigraphy | Бр. на страни: 160 | Димензии: 145х207 | Корица: мека

Малкумина се оние чијшто животен пат може да се спореди со оној на Бенџамин Френклин. Тој е речиси самоук, а прераснува, меѓу другото, во политичар, писател, изумител, печатар, научник и, конечно, во еден од најуспешните дипломати во американската историја. Остава голем авторски влог во Декларацијата на независноста, а подоцна учествува во мировните преговори со Велика Британија со која завршува Американската војна за независност.
Како пронаоѓач, најпознати од неговите изуми се бифокалните очила, печката што е именувана по него и, се разбира, громобранот.
Неверојатно широкиот опсег на интереси и потфати на овој исклучителен човек се извонредно опишани во неговата Автобиографија, што се смета за едно од класичните дела на овој жанр воопшто.
Наумена првенствено да преставува водилка за неговиот син, Френклиновата автобиографија е еден живописен и фасцинатно раскажан автопортрет на неговиот, по многу нешта, уникатен и мошне исполнет живот.
Почнувајќи од периодот на детството и периодот на созревање, обележан со поривот за достигнување на високи етички начела, преку макотрпната работа како печатач и впуштањето во експериментите со електрицитетот, па сè до политичката кариера и успесите во тој домен, неговата Автобиографија, напишана во еден искрен манир и со разбирлив и јасен јазик и беспрекорен стил, денес веќе преставува класично дело во рамките на светската книжевност.

Цена: 250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Автобиографијата на Бенџамин Френклин

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-305-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Автобиографијата на Бенџамин Френклин”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in