Балкански син
„...Со поетската книга Балкански син, во триесет и шест песни, тој картографски ги мапира пределите на душевноста во просторите распнати меѓу медитативното, спокојно, мудречко набљудување на мената, на којашто конечно, се сведува сета многуликокост на бидувањето, и постојаниот егзистенцијален немир во неможност докрај да му се припадне на мигот на сопствениот живот: при домувањето во откорнатоста, при љубовноста отаде телесноста, со душевност постојано укотвена и тука и онаму устремена, кон немирот што го побудуваат далечините, што го потстрекнуваат бреговите та поетот својата душа ја фрла онаму...
...Воопшто меѓутоа, стиховите на Туфан доминантно се осветлени со духовното видело на зрелоста и медитативноста. Тие попрво сведочат за мудроста на прифаќањето на егзистенцијалната состојба на денешницата како состојба на припаѓање во неприпаѓањето, на спокој во неспокојноста, на мудрост при палавоста во игрите на животот и песната. Оттука, неговиот тон е доминантно лирски исповеден, но напати и разигран и слободно препуштен на игрите на мудречката иронија, на каламбурот на ситуациите и игрите со зборовите.
...Авторската препознатливост на поетското огласување во оваа стихозбирка на Ерол Туфан е исцртана во уводно апострофираниот поетски светоглед која јги исцртува, картографски ги мапира пределите на душевноста во просторите распнати меѓу медитативното, спокојно, мудречко набљудување на мената и постојаниот егзистенцијален немир во неможност докрај да му се припадне на мигот на сопствениот живот: при домувањето во откорнатоста. Стилската непосредност и сликовитост на поетскиот израз притоа се во согласие со поетовата интенција да ги бележи миговите на „дневните сништа“ кои ја промовираат мудроста на спознанието за единствената вредност на даденоста на мигот.“
Наташа Аврамовска
1 оценка за Балкански син
Questions and Answers
You are not logged in
Julijana Velichkovska (верификуван корисник) –