Болести кај дивите животни: Истражување и справување

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Disease in Wild Animals: Investigation and Management | Бр. на страни: 404 | Димензии: 152x235 | Корица: /

Авторот дал огромен придонес кон ова поле давајќи концептуална рамка за болестите кај дивиот свет и нивното истражување, притоа потенцирајќи ги несоодветностите што постојат. Гери А. Вобсер е професор по ветеринарна патологија на Западниот колеџ по ветерина при Универзитетот „Саскатчеван“, Канада. Тој е еден од основачите на Канадскиот центар за здравје на дивиот свет.
Болестите кај дивиот свет станаа мошне важни поради нивното с
# поголемо влијание врз здравјето на луѓето, дивиот свет воопшто и конзерваторската биологија. Ова дело нуди исцрпен преглед на досега достапните техники за истражување и за управување со болестите кај дивите животни. Дадени се многубројни илустрации со примери од целиот свет, со акцент на посебните барања и потреби при работењето со диви животни. Самите техники се оценети од страна на авторот со сите нивни предности и мани во поглед на нивната ефикасност и ефективност. Како биолог и ветеринар, Гери ни го пренесува низ целиот текст своето 40-годишно работно искуство со болестите на дивите животни.
Ова дело е наменето за биолози и за ветеринари, како и за сите други чинители што се јавуваат како фактор што има влијание врз успешноста во борбата со болестите што се јавуваат кај дивите животни. Еден од тие чинители се „специјалистите за болести кај дивите животни“. Тие треба да ги користат алатките од биомедицината во рамките на екологијата за да се разјасни како и зошто се појавуваат болести кај дивите популации во нивната природна средина и кога и како тоа може да се контролира.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1990 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Болести кај дивите животни: Истражување и справување

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-102-4

1 оценка за Болести кај дивите животни: Истражување и справување

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in